Ансу Фати подготвен да ја напушти Барселона

fati ansu
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Крилниот напаѓач на Барселона, Ансу Фати не ја отфрли можноста за трансфер во друг тим, соопштува „Relevo“.

Претходно 20-годишниот фудбалер сакаше да остане и да се избори за место во почетниот состав, но сега се премисли. Неодамна имаше информации за интерес за него од Ал-Хилал и ПСЖ.


Фати е во Барселона од 2012 година. Неговиот актуелен договор е до 2027 година.

Во сезоната 2022/23, играчот учествуваше на 36 натпревари во Ла Лига, постигна седум гола четири асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK