– Фудбалерките на Англија со тешко извојувана победа го почнаа својот настап на Светското првенство кое заеднички го организираат Австралија и Нов Зеланд, совладувајќи го по попладнево Хаити со 1-0 во Бризбејн.
Актуелните европски шампионки до ж стартните три бодови дојдоа со гол од белата точка што го постигна Мери Стенвеј во 29 минута.
Воведното коло во групата Д попладнево го комплетираа Данска и Кина во натпревар во кој европската репрезентација триумфираше со идентични 1-0.
Претходно денеска на женскиот фудбалски Мундијал, актуелниот светски првак САД го совлада Виетнам со 3-0, додека Јапонија беше убедлива против Замбија и победи со 5-0.