Французите во шок по дебаклот против Данска

12393940.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Дербито во првото коло на олимпискиот турнир го одиграа Франција и Данска. Ова беше реприза на последните две олимписки финалиња од Токио и Рио де Жанеиро. На последните ОИ, Франција во финалето ја победи Данска со 25:23, додека Данците четири години претходно во Рио де Жанеиро победија со 28:26.



Во Париз, Данците го декласираа домаќинот со 37:29. Дебаклот на самиот почеток на Игрите ги вклучи алармите во француската репрезентација.

„Нема да ве лажам, ова боли. Иако противник ни беше Данска, лошо е чувството кога на отворањето на домашен терен ќе загубите со осум голови разлика“, изјави францускиот пивот Лудовик Фабрегас.

Селекторот Гијом Жил изјави: „Игравме против противник што добро го познаваме, кој е неверојатен. И покрај се, не помислувавме дека може вака да заврши. Кога ќе ја погледнеме играта и ќе ја видиме доминацијата на Данска како што одминуваше времето, мораме да признаеме дека не успеавме да им дадеме поголем отпор“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK