Франција и Израел ќе играат во Париз

MZJJA5MIVVI6JDASIO4GAXDKZA.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот натпревар меѓу Франција и Израел, закажан за 14 ноември на стадионот „Франција“ во Париз, нема да биде преместен на друга локација.


Ова го најави министерот за внатрешни работи, како одговор на можните инциденти меѓу пропалестинските и израелските навивачи.

„Некои бараат да се помести натпреварот Франција-Израел. Не го прифаќам тоа, Франција не се откажува бидејќи тоа би значело абдицирање пред заканите за насилство и антисемитизам“, напиша францускиот министер за внатрешни работи Бруно Ретаљо. на социјалната мрежа „Х“.

Синоќа во Амстердам се судрија навивачите на фудбалскиот клуб Макаби од Тел Авив и пропалестинските демонстранти, а според локалната полиција биле уапсени 62 лица, додека пет лица се пренесени во болница.

Ретаљо додаде дека на негово барање, префектот на париската полиција Лоран Нуњез „ги прави сите неопходни безбедносни процедури за овој натпревар да се одржи на стадионот „Франција“ како што е планирано“.

Фудбалерите на Франција и Израел ќе се сретнат на 14 ноември во натпреварот од петтото коло од А2 групата од Лигата на нации. Франција моментално е втора во групата со девет бодови, додека Израел е се уште без бодови и го зазема последното четврто место.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK