Франција ги победи борбените Бразилци

12393380.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кошаркарите на Франција го совладаа Бразил со 78:66 во првото коло од групата Б на Олимписките игри во Париз.


Бразил многу подобро влезе во мечот, но нивниот ритам падна во втората и третата четвртина, Французите успеаја да се вратат од двоцифрена негатива и забележа убедлива победа (78:66).

Французите до победата ги предводеа Николас Батум и Виктор Вембањама со по 19 поени. Тие беа единствените со двоцифрен учинок во француските редови.

Кај Бразил, Кристијано Фелисио и Лео Мајндл постигнаа по 14 поени, а двоцифрен беше и 41-годишниот Марселињо Хуертас со 11 поени, три скока и пет асистенции.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK