Следната сезона 20-годипниот фудбалер Давид Датро Фофана ќе настапува како позајмен играч од Челзи во бундеслигашот Унион Берлин, кој избори пласман во Лигата на шампиони.
Веста попладнево на својот сајт официјално ја објави клубот од Берлин во кој Фофана ќе се обиде да собере поголема минутажа отколку што имаше во Челзи каде изминатата сезона запиша само три настапи во Премиер лигата и еден во ФА купот.
Фофана дојде во Челзи како голема ѕвезда од норвешкиот фудбал. Една сезона пред да се пресели на „Стемфорд Бриџ“, репрезентативниот напаѓач на Брегот на Слоновата коска беше фантастичен во дресот на Молде за кој на 24 натпревари постигна 15 голови и додаде пет аситемции.