Фјури пред борбата со Усик: Ова го правам само заради прарите

1716075424-Tyson-Fury-Oleksandr-Usyk-7.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Поранешниот светски шампион во тешка категорија, Тајсон Фјури, откри што најмногу го мотивира пред неговата втора борба со актуелниот планетарен владетел Олександар Усик.


Британецот и Украинецот ќе ги вкрстат ракавици во сабота навечер во 23:30 часот по средноевропско време во Саудиска Арабија.

„Единственото нешто што ми е навистина важно е моето семејство, моите деца. Оваа борба е потребна за да се добие голема сума пари што ќе им помогне на моите потомци. Ова го правам само заради парите, очигледно. Сите професионални боксери, да бидам искрен, се борат само за пари“, изјави Фјури, а пренесува DAZN.

„Индепендент“, пренесува дека ривалите ќе поделат награда од 182 милиони евра или 40 милиони повеќе од првиот дуел.

Договорот тогаш беше Фјури да добие околу 95 милиони долари, а Усик доби 45 милиони.

Во првата борба, која се одржа во мај, украинскиот боксер победи и освои титулите во верзиите WBA, WBC, WBO, IBO и The Ring.

Фјури во кариерата има скор 34-1-1, додека Усик има 22 победи во исто толку борби.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK