Финалето во Лигата на Европа ќе се игра во Белград


screenshot-2026-09-15-115602.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Извршниот комитет на УЕФА, на денешниот состанок одржан во Солун, ги одреди домаќните на финалните мечеви во Лигата на шампионите и Лигата на Европа, за сезоната 2028/2029.


Финалето во Лигата на шампионите ќе се одигра во Барселона, на стадионот „Ноу Камп“, додека организацијата на финалето на Лигата на Европа ја доби Белград.

УЕФА остана доследна на политиката за рамномерен развој и поддршка на регионот на таканаречениот Западен Балкан.

Финалниот натпревар од Лигата на Европа ќе се игра на 23 мај 2029 година на идниот Национален стадион, кој се гради како дел од проектот EКСПО во Сурчин.

Според последните информации, завршувањето на работите на Националниот стадион во Сурчин се очекува на почетокот на 2028 година. Капацитетот на овој објект ќе биде 52.000 седишта.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK