Филип Петрушев доби отказ во Сакраменто

Филип-Петрушев-доби-отказ-во-Сакраменто.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот репрезентативец Филип Петрушев е отпуштен од Сакраменто Кингс.


Петрушев повеќе не е кошаркар на Сакраменто Кингс, бидејќи беше означен како „преброен“ и по се изгледа ќе се врати во Европа.

Оваа вест ја потврди добро информираниот инсајдер на „ЕСПН“ Адријан Војнаровски.

Филип Петрушев имаше повеќе од бурна авантура во НБА. Започна во Филаделфија, која по само три натпревари го размени во Л.А. Клиперс, кои брзо го проследија во Сакраменто.

Петрушев најверојатно ќе се врати во Евролигата, а како нов клуб се споменува Олимпијакос, кој веќе има подготвено двегодишен договор за српскиот крилен центар со можност за продолжување на трета сезона.

Како можна дестинација на Петрушев се споменуваше и Црвена звезда, но речиси сигурно е дека кариерата ќе ја продолжи во Пиреја.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK