Филип Филиповиќ замина во пензија


filip-fina-july17-1024x682-1.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Еден од најдобрите српски, европски и светски ватерполисти на сите времиња, Филип Филиповиќ, ја заврши им пресивната кариера.


Филиповиќ ја објави веста за своето пензионирање откако ја освои титулата национален шампион на САД со ватерполо клубот Лос Анџелес.

„Нема да ме видите повторно во базенот. Тоа е тоа. Решив. Не сакав ништо да објавувам, бидејќи секогаш кога ќе објавував – нешто ќе се случеше. Како што реков, го добив сигналот и тоа е тоа. Последен удар, последен гол за клубот. Овие момци беа неверојатни и горд сум што ги водев до крајот“, рече Филиповиќ по финалниот натпревар.

Во својата импресивна кариера, Филиповиќ освои сè што можеше да се освои.

Со српската репрезентација, тој освои две олимписки злата и две бронзи, две светски титули со по едно сребро и една бронза и шест европски титули, со по едно сребро и една бронза.

Светската лига ја освои 12 пати, два пати триумфираше во Светскиот куп.

Кога станува збор за неговата клупска кариера, тој играл за Партизан, Про Реко, Раднички Крагуевац, Солнок, Олимпијакос и Нови Београд. Со Партизан освои три двојни круни, а со Про Реко три Лиги на шампиони, додека со Раднички и Солнок освои два Еврокупа.

Во последната фаза од својата кариера, тој играше во Кувајт и САД.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK