Ферстапен во Остин ја запиша 50. победа во кариерата

Ферстапен-во-Остин-ја-запиша-50-победа-во-кариерата.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, на Голамата награда САД ја забележа 15-та победа сезонава. Холанѓанецот во Остин славеше по 50-ти пат во кариерата.


Трикратниот светски шампион стигна до победа и покрај тоа што стартуваше како шести на спектакуларната трка во Америка.

Второто место на крајот го зазеде возачот на Мерцедес, Луис Хамилтон, додека трет Ландо Норис во Мекларен.

Победата на Ферстапен е заслуга на целиот тим, кој подготви подобра стратегија, кде потфрлија нивните колеги од Мерцедес. На првото менување на гумите, Хамилтон влезе два круга подоцна од Ферстапен и Норис и на крајот тоа се покажа како клучно за победата на Ферстапен.

Тој момент се покажа како клучен, бидејќи Ферстапен и Хамилтон во текот на целата трка имаа исто темпо. Хоманѓанецот победи за нешто помалку од две секунди.

Траката во Остин ја обележа и катастрофалната стратегија на Ферари со Шарл Леклер кој стартуваше од пол-позицијата. Во Ферари решија тој да има само едно застанување во боксот и на крајот успеа со многу мака да го одбрани шестото место.

Зад најдобрите тројца се пласираа: Саинц, Перез, Леклер, Расел, Гасли, Строл и Цунода.

Следната трка е закажана за 29 октомври во Мексико.

Foto/ EPA

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK