Макс Ферстапен ја освои третата титула во низа во шампионатот во Формула 1. Сепак, Холанѓанецот прекрши едно непишано правило.
Асот на Ред Бул не беше присутен на традиционалната вечера на возачите на крајот на сезоната. Покрај него, отсутни биле уште шест возачи.
Непишано правило е дека шампионот ја плаќа последната вечера во сезоната. Холанѓанецот од непознати причини го прекрши правилото. Луис Хамилтон и Шарл Леклер дојдоа на вечерата.
„Непишано правило е светскиот шампион да плаќа вечера на крајот од сезоната“, изјави Нико Розберг, шампионот со Мерцедес во 2016 година.
Ферстапен зад себе ја има најуспешната сезона на еден возач во историјата на Формула 1. Холанѓанецот на 22 трки забележа 19 победи.