Ферстапен го обвини тимот за лошиот резултат во Унгарија

12382628.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Шампионот во Формула 1, Макс Ферстапен, беше исклучително нервозен за време на трката за Големата награда на Унгарија, која ја заврши на петтото место.

Имаше проблеми од стартот, брзо стана нервозен поради болидот и одредени интервенции на ФИА, а на крајот ја загуби четвртата позиција поради судир со Хамилтон.

„Нека одат по ѓаволите. Во Австрија ме извалкаа со го..а, тогаш рекоа дека се движам додека кочав, бла, бла“, алудираше на инцидент од претходната трка на која исто така заврши на петтото место.

Во Австрија имаше дуел со Ландо Норис во 64. круг додека беше лидер, по што и двајцата ги оштетија болидите, а Холанѓанецот успеа да ја заврши трката.

Не се прослави ниту во Унгарија.

Веќе на стартот беше мораше да му ја врати позицијата на Ландо Норис, бидејќи неправилно, но избегна казна.

„Тогаш можете да ѝ кажете на ФИА дека така ќе се натпреваруваме отсега па натаму. Ќе се натпреваруваме со исфрлање луѓе од патеката“, одговори Верстапен кога ја доби пораката дека мора да го пушти Норис да помине.

Ова беше само еден од жестоките разговори кои Ферстапен ги имаше со својот бокс во текот на трката.

По првата комуникација со боксот, следаа нови критики од лутиот Макс.

„Неверојатно е како им дозволивме да не поткопаат и едноставно да ми ја уништат шансата“, додаде тој.

Сепак, главната критика што Макс постојано ја упатуваше кон својот тим беше за стратегијата.

„Ми ја дадовте оваа лоша стратегија, нели? Се обидувам да го надокнадам она што вие не го направивте“.

На крајот од трката, трикратниот светски шампион потврди дека темпото небило добро за да им се спротивстави на возачите на Мекларен.

„Можеби тимот не сфатил што направил погрешно, или можеби не разбрале колку ситуацијата е сериозна“, рече Макс на прашањето за неговите радио разговори во текот на трката.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK