Ферстапен го „гаси пожарот“ во Ред Бул

Ферстапен-го-„гаси-пожарот-во-Ред-Бул.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Возачот на Ред Бул, Макс Ферстапен, изјави дека првиот човек на тимот Кристијан Хорнер и советникот Хелмут Марко мора да останат во тимот, откако се појавија шпекулации во медиумите дека тие двајца не се во најдобри односи.


Пред претстојната трка во САД, оваа недела имаше шпекулации дека Хорнер сакал Марко да го напушти тимот поради несогласувања околу различни прашања, и покрај тоа што Ред Бул ја одбрани титулата во шампионатот за конструктори, а Ферстапен трет по ред шампионат за возачи.

Марко има големо влијание врз изборот на возачки состав, вклучително и за сестриснкиот тим тим на Ред Бул, Алфа Таури, а неговиот договор со Ред Бул истекува на крајот на 2024 година.

Марко изјави за австриски „Oe24“ дека тој, а не Хорнер одлучува кога ќе го напушти тимот.

Ферстапен рече дека тимот што го постигнал успехот мора да остане заедно.

На прашањето на „Скај спорт“, дали заминувањето на Хорнер или Марк ќе се одрази на неговата иднина во тимот, Холанѓанецот одговори: „Затоа не си заминуваат“.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK