„Ферстапен е најдобриот возач во историјата на Формула 1“

Screenshot-2024-09-16-202638.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Герхард Бергер, поранешниот возач на Ферари во Формула 1, нема дилема кој е најдобриот на сите времиња.


Австриецот во преден план го стави актуелниот светски шампион Макс Ферстапен.

„Тој ја има таа неверојатна способност да го избере вистинскиот момент за претекнување. Тоа го немаа ниту Сена, ниту Шумахер, ниту Хамилтон“, изјави Бергер.

На пофалбите за Холанѓанецот им немаше крај.

„Макс е секогаш на вистинското место во вистинско време. На стартот, во првиот свиок, во дуел. Никој не го прави тоа подобро од него. Затоа мислам дека тој е најдобриот кој некогаш ја возел формулата“, вели Бергер.

Ферстапен досега има остварено 61 победа во кариерата и има три светски шампионски титули со добри шанси да освои четврта. Сепак, тој е се уште далеку од Хамилтон и Шумахер по бројот на вкупни победи и титули, кои освоија по седум пехари наменети за најдобриот во генералниот пласман.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK