Актуелниот светски првак и лидер во првенството во Формула 1, Макс Ферстапен доби казна пред трката за Големата награда на Белгија која ќе се вози во недела. Холанѓанецот е казнет со 10 места.
Причината за тоа не е некакво несоодветно однесување на Ферстапен, туку во прашање се правилата на Формула 1 кои дозволуваат одреден број промени на моторот без последици.
Ова беше неизбежно, веќе многу се зборува за Ред Бул и промената на моторот, особено по катастрофалниот дефект на погонската единица на трката за Големата награда на Канада.
Потоа ја искористија четвртата погонска единица, што е максималната бројка што ја дозволува Ф1 во една сезона и сега Макс ќе има казна од 10 позиции.
Ферстапен води во шампионатот со 265 бодови, додека второпласираниот Ландо Норис е на 189, односно 76 помалку. И покрај тоа што Макс е без победа на три трки по ред, неговата позиција не е загрозена.
Да се потсетиме на 2022 година кога победи на Спа Франкошамп стартуваше од 14-та позиција, додека една година подоцна победи откако стартуваше од шестата позиција.