Новак Ѓоковиќ во петок ќе го одигра полуфиналниот натпревар на УС Опен против Бен Шелтон. Се чини дека Србинот доста лесно стигна до овој дел од турнирот и е на два чекори до нова гренслем титула.
Така мисли и Роџер Федерер, кој ја изненади целата тениска јавност со изјавата дека е убеден дека Новак ќе го освои УС Опен.
„Би се обложил на Новак, тоа е сигурен облог“, изјави Роџер, а пренесе „Спорт Илустрејтед“.
Еден од најдобрите мечеви на УС Опен, Новак Ѓоковиќ го одигра против Федерер во 2015 година, кога победи со 3:1 во сетови.