Фабрегас ќе го предводи Комо

Фабрегас-ќе-го-предводи-Комо.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Сеск Фабрегас, косопственикот на фудбалскиот клуб Комо, е назначен за привремен тренер на италијанскиот второлигаш, објавено е на официјалната веб-страница на клубот.


Претходно беше објавено дека Морено Лонго е отпуштен од тренерската функција во клубот од градот на езерото Комо.

Лонго (47) неочекувано беше сменет, бидејќи во претходните три кола освои седум од можни девет бода, а по 12 одиграни кола клубот е шести со 21 бод и е на позиција која води во плеј-офот за пополнување на Серија. А.

Фабрегас (35) првпат во кариерата самостојно ќе го води сениорскиот тим, бидејќи претходно го водеше само младиот тим на Комо.

Шпанецот во летото 2022 година стана еден од малцинските сопственици на Комо, а по него во клубот инвестираше и неговиот поранешен соиграч од Арсенал, Тиери Анри.

Како што е објавено на клупската веб-страница, Фабрегас само привремено ќе го води тимот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK