Претставниците на Формула 1 и Големата награда на Белгија го продолжија договорот за уште четири сезони. Трки на легендарната патека Спа Франкошамп ќе се возат во 2026, 2027, 2029 и 2031 година.
Спа Франкошамп е во календарот уште од првата сезона во Формула 1, во 1950 година, и таму се одржани вкупно 57 трки за ГН на Белгија.
Многу светски шампиони во Формула 1, како Аиртон Сена, Михаел Шумахер, Ники Лауда, Себастијан Фетел, Луис Хамилтон и Макс Ферстапен, извојуваа победи на оваа патека.
Во последните години се инвестираше во Спа Франкоршамп, со што капацитетот се зголеми за 10.000 седишта.
Овогодинешниот тркачки викенд во Белгија ќе се одржи од 25 до 27 јули, а вклучува и спринтерска трка.
Новата сезона во Формула 1 започнува на 16. март со Големата награда на Австралија.