Евертон го донесоа своето најголемо засилување во летниот преоден рок, потпишувајќи со напаѓачот Бето од Удинезе за повеќе од 30 милиони фунти.
25-годишниот Португалец помина две сезони во Удинезе каде што пристигна од Портимоненсе во 2021 година, и постигна 21 гол во две години. Тој е петто засилување за Евертон ова лето по лошиот старт на сезоната и посочи дека неговиот херој Самуел Ето бил клучен за трансферот.
„Добро е чувството да се пристигне во голем клуб како Евертон, кој е респектиран клуб со големаисторија. Кога слушнав дек се заинтересирани беше многу лесно да се донесе одлука, бидејќи мојот идол, Самуел Ето играше тука“, вели Бето.