Натпреварите во А групата, вечерва ќе го отворат третото коло на Европското првенство во Германија.
Од 21 часот се среќаваат Германија и Швајцарија и Шкотска и Унгарија, а сите четири селекции играат за нешто, Германија и Швајцарија се борат за првото место, а Шкотска и Унгарија се борат за место во осминафиналето.
Германија во последното коло влегува со шест бода, а Швајцарија со четири. Математиката е јасна, со бод Германците ќе го обезбедат првото место во групата.
Првопласираната селекција од оваа група во осминафиналето ќе игра против второпласираната од групата Ц во која се Англија, Данска, Словенија и Србија.
Швајцарците само со победа можат да ја освојат оваа група, секој друг исхот ќе им ја додели втората позиција на табелата.
Второпласираниот тим од А групата, во осминафиналето ќе игра втропласираната репрезентација во Б групата, тоа може да биде Италија, хрватска или Албанија.
Шкотска иако теоретски може да биде втора, во реалноста игра за третото место со Унгарија. Победа на една од двете селекции и носи место во Топ 16. Шкотите се во подобра позиција бидејќи со победа ќе одат понатаму, додека Унгарците во случај на победа ќе мора да го чекаат распелтот во другите групи.