Ерлинг Халанд станува лик во култната видео игра

8894af42-0359-4bf4-a00e-f7a71466bf1d.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Еден од најдобрите напаѓачи во светот, играчот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд (23), не е на нивото од минатата сезона, поради што неодамна беше мета на критики, пред се од поранешните играчи кои денес ги анализираат натпреварите за ТВ куќите.

какви стандарди постави Халанд минатата сезона најдобро покажува податокот дека оваа сеозна често го критикуваат, а тој има постигнато вкупно 32 гола (21 во Премиер лигата) на 40 настапи во сите натпреварувања.

Вредноста на Халанд за Манчестер Сити, со кого има договор до 2027 година, не е само на теренот, туку Норвежанецот е еден од најпопуларните фудбалери во светот, а неговиот маркетиншки потенцијал е огромен, а тоа го покажува и веста дека ова недела Халанд станува лик што може да се игра во видео играта „Clash of Clans“.

Ова е првпат во играта да се додаде вистинска личност, а Халанд ќе стане ликот на „Кралот на варварите“ во текот на месец мај.

Халанд ја игра „Clash of Clans“ повеќе од десет години и стапи во контакт со „Supercell“, финските програмери кои стојат зад популарната игра, за да формираат партнерство.

„Кога слушнавме дека Ерлинг Халанд е обожавател на нашата игра и сака да биде партнер со нас, тоа навистина беше сценарио од соништата“, изјави Стјуарт Мекгау, генерален директор на „Clash of Clans“.

Халанд имал десет години кога првпат ја открил оваа игра, а активно учествува и денес.

„Јас сум голем обожавател на играта долго време и знам сè за неа, така што е навистина кул да се појавиш како лик во играта“, рече Халанд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK