Тенисерот Новак Ѓоковиќ на социјалните мрежи сподели порака за убиството на двегодишната Данка Илиќ.
Трагедијата која ја потресе не само Србија го растажи Ѓоковиќ кој се подготвува за Мастерсот во Монте Карло.
„Кога исчезна, не соедини во молитва“, напиша Ѓоковиќ.
Заедно со цитатот, кој го сподели и Јелена Ѓоковиќ, Новак остави и знаци на скршено срце и молитва.