Еми Мартинез повторно шокираше со прославата

Untitled-1-10.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Емилијано Мартинез, голманот на репрезентацијата на Аргентина, повторно го привлече вниманието на јавноста со своето скандалозно однесување.


„Гаучосите“, во квалификациите за пласман на Светското првенство во 2026 година, лесно го победија Чиле (3:0) и ја забележаа шестата победа.

Натпреварот кој се одигра на стадионот „Монументал“ во Буенос Аирес, беше на репрезентацијата од средината на јули и победата финалето на Копа Америка против Колумбија.

Бидејќи играа на домашен терен, Аргентинците ја искористија можноста да продефилираат со новиот трофеј пред насобраните навивачи.

Никој не ја искористи шансата повеќе од голманот на Астон Вила, кој повторно правеше недолични гестови со трофејот во рацете.

Да потсетиме, истото го направи и во Катар кога му беше врачен трофејот за најдобар голман на Мундијалот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK