Ембид: Повредите ме спречија да станам Г.О.А.Т во НБА лигата

NKYBVBHEBNEQ7MFEMMOFOQXCHQ.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Центарот на Филаделфија Џоел Ембид е дел од репрезентацијата на САД пред Олимписките игри во Франција. Кошаркарот кој роден во Камерун даде големо интервју за Њујорк тајмс, а еден одговор особено го привлече вниманието на светската јавност. Ембид смета дека повредите го спречиле да стане најдбриот играч во историјата на НБА.


„Мислам дека сум талентиран. Секако дека треба да освојуваш титули, а за титули ти требаат соиграчи, не можеш се сам. Очајно сакам да победува. Ако тоа не се случи, тогаш треба да се обидете да ги направите вистинските работи, па ако не се случи, тогаш можеби не ви било пишано“, изјави Џоел Ембиид за Њујорк Тајмс.

„Медиумите зборуваат дека би можеле да бидете најдобриот играч во историјата, доколку немаше проблеми со повредите…“, рече новинарот на Њујорк тајмс.

„Во ред е тоа да го кажат бидејќи тоа е вистината. Можете да погледнете што постигнав и што ми одзедоа повредите. Има многу „што ако“, но ако се собере колективно и индивидуално, може да се аргументира дека сум на врвот“, изјави центарот на американската репрезентација.

Ембид има 30 години, беше драфтуван во 2014 година, но поради повредите дебитираше дури во сезоната 2016/2017.

Се појави на последните седум Ол-стар натпревари, двапати беше најдобар стрелец во НБА, еднаш член на идеалната петорка… Сепак, тимскиот успех на Филаделфија изостана. Ембид никогаш во својата кариера не успеал со франшизата од Пенсилванија да дојде ниту до финалето на Источната конференција.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK