Вечерва на осум стадиони низ Европа ќе биде комплетирано првото коло во Лигата на шампионите. На програмата се натпреварите во групите А, Б, Ц и Д.
Сезонава Македонија има еден претставник во елитното натпреварување. Елиф Елмас со Наполи гостува во Брага. По заминувањето на Лучано Спалети, Наполи не делува моќно како минатата сезона. На последните два натпревари во Серија А, актуелните италијански шампиони доживеаја пораз од Лацио и одиграа нерешено со Џенова, откако ја надоместија негативата од два гола.
Дербито вечера ќе се одигра во Минхен. Баерн ќе го пречека Манчестер јунајтед. „Црвените ѓаволи“ имаат многу проблеми од стартот на сезоната, добија само два од првите пет натпревари во Премиер лигата.
Програмата ќе ја отворат од 18:45 Реал Мадрид и Унион Берлин, односно Галатасарај и Копенхаген. Останатите шест натпревари ќе започнат во 21 часот.
Група А:
Галатасарај-Копенхаген
Баерн-Манчестер јунајтед
Група Б:
Арсенал-ПСВ Ајндховен
Севилја-Ланс
Група Ц:
Брага-Наполи
Реал Мадрид-Унион Берлин
Група Д:
Бенфика-Салцбург
Реал Сосиедад-Интер