Фудбалскиот клуб Севилја објави дека нов тренер на тимот е Диего Алонсо. Новиот тренер на клубот од „Рамон Санчез Писхуан“ е малку познато име во европскиот фудбал, тој ја предводеше репрезентацијата на Уругвај на Сп во Катар.
Диего Алонсо во декември 2021 година го замени на селекторската позиција легендарниот Оскар Табарез. Го извлече Уругвај од тешката позиција и успеа да го однесе на Мундијалот.
Сепак во Катар не а оствари целта, во конкуренција на Портгалија, Јужна Кореа и Гана не успеа да ја мине групата, па веднаш си поднесе оставка.
Диего Алонсо пред Уругвај беше тренер на Интер Мајами, како и Монтереј, Пачука каде што се задржа најдолго (2014-2018), а ги водеше и Пењарол, Гуарани, Бела Виста.
Останува да се види дали „шок терапијата“ со ангажманот на 48. годишниот Уругваец ќе делива врз тимот, како што делуваше во последните два месеци од минатата сезона кога беше донесен Хосе Луис Мендилибар.
Во март, Мендилибар го замени Хорхе Сампаоли, а два месеци подоцна со Севилја ја освои Лига Европа и се пласираше во Лигата на шампионите.