Егзум од Партизан во Далас


egzum_435354
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

– НБА лигашот Далас официјално објави дека нов играч во екипата е 28-годишниот Австралиец Данте Егзум, кој доаѓа од белградски Партизан.

Егзум на драфтот во 2014 година котираше одлично и како петти избор го селектираше Јута, чиј дрес го носеше до 2019 година. Во следните две сезони беше член на Кливленд каде не остави добар впечаток во голема мера и поради честите повреди.


Австралискиот кошаркар потоа се пресели во Европа настапувајќи за Барселона, а од шпанскиот клуб мина во редовите на Партизан, одигрувајќи фантастична сезона во црбо – белиот дрес.

Егзум во изминатата сезона имаше просек од 13.2 поени, 2.3 скокови и 2.7 асистенции по натпревар, а со Партизан дојде до четвртфиналето во Евролигата и го освои трофејот во регионалната АНА лига.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK