Манчестер Сити го објави потписот на Џереми Доку од Рен. За белгискиот интернационалец шампионите на Англија и Европа ќе платат 55,5 милиони фунти.
21-годишниот играч потпиша петгодишен договор со „граѓаните“.
Доку е третото ново засилување на Манчестер Сити ова лето, по Хрватите Матео Ковачиќ и Јошко Гвардиол. Тој доаѓа како замена за Ријад Марез кој замина во Саудиска Арабија.
„Манчестер Сити е најдобриот тим во светскиот фудбал. Да им се приклучам е нешто посебно за мене и моето семејство“, сподели Доку.
„Јас сум млад играч и имам уште многу да научам. Работата со Пеп Гвардиола и неговиот персонал и играњето покрај овие играчи од светска класа ќе ме направи многу подобар фудбалер“, дополни тој.
We’re delighted to confirm the signing of @JeremyDoku ✍️🤩 pic.twitter.com/DPzTWiniKC
— Manchester City (@ManCity) August 24, 2023