Џака пред трансфер во Челзи


screenshot-2026-06-28-000923.webp
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Гранит Џака наскоро би можел да стане играч на Челзи.


Како што објави Флоријан Платенберг од германскиот „Скај Спортс“, двете страни практично се договориле за сè и сега останува „сините“ да најдат заеднички јазик со Сандерленд.

Се проценува дека Челзи би можел да издвои околу 15.000.000 евра за трансферот на швајцарскиот капитен, колку што „Црните мачки“ му платија на Баер од Леверкузен минатото лето.

Чаби Алонсо, новиот тренер на клубот од Лондон, е добро ги знае квалитетите на Џака, бидејќи тие работеа заедно во Баер, каде што ја освоија шампионската титула и Купот.

Искусниот играч од средниот ред не размислуваше многу кога дојде повикот од неговиот поранешен тренер, а претходно одби трансфер во Вест Хем.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK