Колумбиецот Џон Дуран е апсолутна сензација оваа сезона. Тој е еден од најдобрите стрелци во Европа во моментов. Импресионира бидејќи редовно влегува од клупата за резерви.
Брилијантниот Колумбиец постигна шест гола на 10 натпревари во сите натпреварувања, но на теренот минал само 324 минути, што значи дека во просек постигнува гол на секои 54 минути.
Колумбиеот го привлече вниманието на неколку клубови. Челнците на Астон Вила свесни каков бисер имаат во тимот решија да му понудат нов договор, до 2030 година.
Астон Вила е првиот европски клуб на Дуран. Од јануари 2023 година, кога дојде во клубот, одигра 59 натпревари и постигна вкупно 14 голови.
🟣🔵🇨🇴 Jhon Durán’s new contract at Aston Villa will be valid until June 2030. pic.twitter.com/uy1kjeqcN4
— Fabrizio Romano (@FabrizioRomano) October 7, 2024