Дуплатнис го прифати предизвикот – трка на 100 метри против светскиот рекордер на 400 метри со пречки

4020065-81538948-2560-1440.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Невообичаена, необична атлетска пресметка ги очекува љубителите на „кралицата на спортовите“ на 4 септември во Цирих.


Најавен е двобој во најатрактивната дисциплина, трката на 100 метри, а ќе се натпреваруваат двајца светски рекордери во различни дисциплини, Швеѓанецот Арман Дуплантис и Норвежанецот Карстен Ворхолм.

Ова ќе биде таканаречен атлетски „кросовер“, кој секогаш е вистински специјалитет за љубителите на атлетиката.

Популарниот Мондо неодамна постави нов светски рекорд на Олимписките игри прескокнувајќи 6,25 метри во последниот обид, со што го подобри и личниот рекорд и со тоа уште еднаш го воодушеви целиот свет.

За следниот предизвик, на Дуплантис нема да му треба најважниот реквизит, овојпат само нозете.

Против светскиот рекордер на 400 метри со пречки Ворхолм, Швеѓанецот ќе оствари една од своите големи желби за која зборуваше последните месеци.

„Би сакал да трчам против Карстен, би било забавно. Често имам спринтерски сесии во текот на пролетта”, изјави Швеѓанецот.

Најдобриот резултат на Дуплантис на 100 метри е 10,57 секунди.

Неговиот следен ривал го сфаќа овој предизвик најсериозно.

„Навистина се надевам дека идејата ќе се реализира, но во вистински момент, ние не сме луѓе кои ваквите предизвици ги сфаќаме несериозно. Имам повеќе да изгубам од Мондо во оваа приказна, да бидам искрен“, изјави Ворхолм за трката додека целата приказна се уште беше далеку од реализација.

Личниот рекорд на Ворхолм на 100 метри е 10,49 секунди.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK