Државно првенство во веслање на ергометар во Охрид

IMG-51a09f4fe54d96b62aad8751c5a8d1bf-V.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Оваа недела, на 15 декември 2024 година, Охрид ќе биде домаќин на значаен спортски настан – Државно првенство во веслање на ергометар.


Натпреварите ќе се одржат во просториите на Центарот за спасување на планина со почеток во 10:00 часот.

Првенството ќе биде во организација на Веслачкиот клуб Горица Ремо-Охрид, а под покровителство на Веслачката федерација на Македонија. На настанот ќе учествуваат најдобрите веслачи од земјата, вклучувајќи претставници од ВК Горица Ремо-Охрид, ВК Црн Дрим – Струга, ВК Дебар и ВК Врбник – Струга. Натпреварите ќе се одржат во машка и женска конкуренција во категориите пионери (1км), кадети (2км), јуниори (2км), сениори (2км) и ветерани (1км).

Сите љубители на спортот, а особено оние заинтересирани за веслањето, се покануваат да ги следат натпреварите и да бидат дел од овој возбудлив спортски настан во Охрид.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK