Каваи Ленард, кошаркарот на Лос Анџелес Клиперс, ќе биде дел од кошаркарската репрезентација на САД на Олимписките игри во Париз.
Од претходно беше познато дека Стив Кер ќе може да смета на 11 кошаркари: Стеф Кари, Тајрис Халибартон, Џру Холидеј, Ентони Едвардс, Девин Букер, Кевин Дурент, Џејсон Тејтум, Ентони Дејвис, Леброн Џејмс, Бам Адебајо и Џоел Ембид.
Адријан Војнаровски, НБА инсајдерот, објави дека Ленард ќе го комплетира Дрим-тимот.
Двократниот најдобар дефанзивец во лигата има што да понуди и на другиот крај од теренот со 23,7 поени, 6,1 скока и 3,6 асистенции по натпревар оваа сезона.
Инаку, САД ќе бидат во група со Србија, Јужен Судан и победникот од квалификациската група која ќе се игра во Порторико.
Натпреварот меѓу Србија и САД ќе го отвори кошаркарскиот турнир на ОИ во Париз.