Доживотна забрана за навивачот кој го прекина „Мадрилењо“

4313879_1_articlemedium_AtleticoMadridfans_1_.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Фудбалскиот клуб Атлетико Мадрид соопшти дека на навивачот кој фрлаше предмети на теренот, во неделата на дербито против Реал, му изрекол доживотна забрана за влез на стадионот.


Поради тоа беше прекинат натпреварот против Реал (1:1) на стадионот „Метрополитано“ во неделата.

Натпреварот беше прекинат во 69. минута кога голманот на Реал, Тибо Куртоа, поранешен Атлетико, му се пожали на судијата дека ултрасите на Атлетико фрлаат со разни предмети кон него.

Тренерот на Атлетик Диего Симеоне и неколку играчи се обидоа да ги смират навивачите, но натпреварот мораше да биде прекинат и од играчите беше побарано да се вратат во соблекувалните. Натпреварот продолжи десет минути подоцна.

„Нашата безбедносна служба продолжува да работи со полицијата за идентификување на останатите кои трајно ќе бидат исфрлени од стадионот“, се вели во соопштението на клубот.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK