Фламенго го отпушти тренерот кој удри играч

flamengo_3242343243
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Кондицискиот тренер на бразилскиот фудбалски прволигаш Фламенго, Пабло Фернандез, доби отказ откако физички го нападна играчот на својот клуб Педро, јавија денеска локалните медиуми.

Педро објави за случајот на социјалните мрежи, а истите зборови ѝ ги повтори и на полицијата во Бело Хоризонте, како и на клупското раководство.


Според неговата верзија, Фернандез го удрил со тупаница во пределот на главата во соблекувалната по завршувањето на првенствениот натпревар Атлетико Минеиро – Фламенго (1-2).

Отпуштениот Фернандез, пак, објави поинаква верзија, наведувајќи дека Педро бил нервозен и се однесувал недолично, незадоволен поради тоа што бил резерва на натпреварот одигран синоќа во рамки на 17 коло од бразилската Прва лига.

Бразилските медиуми објавија дека ова не е прв инцидент во кариерата на Фернандез, потсетувајќи дека тој беше суспендиран од францускиот прволигаш Марсеј поради физички напад врз навивач.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK