Неповторливиот Мајк Тајсон (57) ќе се врати во рингот две години по егзибицискиот меч со Рој Џонс Јуниор и ќе се бори со ѕвездата на Јутјуб, Џејк Пол (27) на 20 мај во Арлингтон за хонорар од 20 милиони долари.
Дали ќе биде егзибиција или професионален натпревар е сè уште под знак прашалник (поминаа 19 години од последната професионална борба на Тајсон), но поранешниот апсолутен светски шампион во тешка категорија се подготвува за Пол како да е Евандер Холифилд, Ленокс Луис или Бастер Даглас. .
За да биде максимално подготвен за борбата, Тајсон привремено се откажал од работите во кои најмногу ужива – марихуаната и сексот.
„Живеам дисциплиниран живот. Поминаа шест недели откако последен пат се „напушив“ и имав секс. Тоа не се случило од кога бев дете“, изјави Тајсон во интервју за магазинот „Форбс“ и додаде дека тренира три пати на ден.
„Не ми се допаѓа што не можам да спијам со жена ми, но се лажам себеси дека тоа ми се допаѓа“, изјави Тајсон.