Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) соопшти дека украинскиот тим Днипро-1 е исфрлен од квалификациите за Конференциската лига. Днипро-1 се соочува со банкрот и како што стојат работите клубот ќе престане да постои.
Украинците во квалификациите за Конференциската лига требаа да се сретнат со Пушкаш Академија (Унгарија), но вчера ја известиле УЕФА дека не се во состојба да ги одиграат натпреварите од второто квалификациско коло. УЕФА веќе ги регистрираше двата натпревар со службен резултат 3:0 за Пушкаш Академија.
Во последната сезона од украинската Премиер лига, Днипро-1 го зазеде четвртото место, со што се пласираше во Конференциската лига.
Во понеделникот, УЕФА објави официјално соопштение во кое ја информира јавноста дека Днипро-1 нема да игра во нејзините натпреварувања оваа сезона.
Со ова се потврдија шпекулациите од претходниот период. Украинските медиуми на почетокот на јули пишуваа за финансиските проблеми на клубот и дека Днипро-1 е соочен со банкрот. Украинската лига минатата недела и официјално го објави повлекувањето на Днипро-1 од натпреварувањето, а следеше и логично исфрлање на овој тим од Европа.
На клубот му повтори ситуацијата од пред пет години, кога беше распуштен оригиналниот Днепар, исто така поради финансиски проблеми.
Не така одамна овој украински клуб имаше фантастични резултати, пред две години се пласираше во осминафиналето на Конференциската лига. Инаку, во 2015 година, оригиналниот Днипро стигна до финалето на Лига Европа, кое го загуби од Севилја со 3:2.