Динамо на чекор до пласман во ЛШ, Црвена звезда има гол минус по мечот во Норвешка

12453394.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Динамо Загреб направи голем чекор кон пласманот во Лигата на шампионите. Хрватскиот шампион на „Максимир“ го победи Карабаг со 3:0. Вториот претставник од регионот, Црвена звезда доживеа пораз 2:1 во Норвешка од Бодо/Глимт. Победа во првиот плеј-оф меч забележа и Лил над Славија Прага 2:0.


Динамо го победи Карабаг со 3:0, во натпревар во кој можеше да има и повеќе голови. Поранешниот македонски репрезентативец Стефан Ристовски поради повреда го напушти терено во 20.минута. Аријан Адеми поради повреда не беше во протоколот.

Пјаца погоди во 29.минјта, а потоа Куленовиќ ја запечати судбината на Карабаг со головите во 75. и 80.минута. Вистонски чудо е како Карабаг не успеа да постигне гол, неговите играчи два пати ја погодија стативата и имаа неколку добри шанси.

Во Бодо, Црвена звезда патеше речиси 70 минути. Во првиот дел српскиот првак успеа да се одбрани, посигна и гол кој беше поништен поради офсајд, но целосно потона во првите 17 минути од вториот дел.

Откако играчите на Бодо/Глимт промашија две добри шанси Бјофут го отвори резултатот во 52.минита. Предноста ја зголеми Мата десет минути подоцна.

Откако примија два гола играчите на Црвена звезда заиграа со повеќе ризик, таквиот пристап им се исплатеше кога десниот бек Мимовиќ постигна гол во 75.минута.

Реваншите се на програмата наредната среда.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK