Македонскиот кошаркар Ненад Димитријевиќ по две години го напушти УНИКС, соопшти рускиот клуб.
Како што соопшти клубот од Казан, 26-годишниот репрезентативец на Македонија е слободен да избере каде ќе ја продолжи кариерата.
Во претходните две сезони Димитријевиќ беше најдобар играч на клубот и во ВТБ лигата. Тој одигра вкупно 50 натпревари во ВТБ лигата со просек од 18,6 поени, 3,6 скока и 1,2 украдени топки на 30 минути игра.
Италијанските медиуми објавија дека Димитријевиќ веќе има договор со челниците на Олимпија и дека до крајот на неделата ќе стане член на клубот од Милано.