– Млада Бразилка почина денеска во болница во Сао Паоло, два дена откако беше тешко повредена во пресметка меѓу навивачи на фудбалските клубови Палмеирас и Фламенго.
Двете навивачки групи се судрија пред големото бразилско дерби меѓу Палмеирас и Фламенго кое се одигра во неделата, а 23-годишната Габриела Анели беше тешко повредена додека чекаше да влезе на стадионот
Локалните медиуми јавија дека девојката во тешка здравствена состојба била пренесена во болница со расекотина во пределот на вратот, откако била погодна со стаклено шише.
„Не можеме да прифатиме 23 – годишна девојка да биде жртва на варварство во опкружување кое треба да биде забавно. Ја изразуваме нашата солидарност со семејството на девојката и бараме итна истрага за ова злосторство“, соопшти Палмеирас.
Во судирите пред стадионот на Палмеирас беше нападната и полицијата, која употреби солзавец за да воспостави ред. Солзавецот се прошири и на теренот, поради што судијата во два наврати во првото полувреме мораше да го прекине натпреварот кој на крајот заврши нерешено 1-1.