Нова победа во НБА лигата забележаа кошаркарите на Денвер кои на гости го совладаа Мемфис со 108:104.
Актуелниот шампион на најсилната лига на светот го предводеше Никола Јокиќ, а српскиот центар за 35 минути игра беше најдобар со 22 поени (8/14 гол од поле), 12 скока, седум асистенции, но и девет загубени топки.
Ова беше втор триумф на Нагетс во новата сезона, а на Јокиќ му недостасуваа три додавања за да забележи нов трипл-дабл.
Избраниците на Мајкл Мелоун одлично го отворија натпреварот против Гризлис, бидејќи во поголемиот дел од првото полувреме Нагетс имаа предност, пред да заминат на подолг одмор, на семафорот стоеше 61:56 за Јокиќ и компанија.
Во третиот дел Нагетс ја добија најголемата предност на мечот (89:79), за на крајот на последниот дел Мемфис да се закани и да поведе 98:87.
Потоа на сцена стапи Јокиќ, кој по две акции ја врати предноста на својот тим, постигна пет поени, за на крајот Нагетс да победи со 108:104.
Одлично му придружуваше Џамал Мареј со 22 поени и пет асистенции, а двоцифрени беа и Реџи Џексон со 16 поени и Арон Гордон со 10 поени.
Во тимот на Мемфис се истакна Џерен Џексон со 21 поен, Маркус Смарт додаде еден помалку, а Дерик Роуз застана на 16 поени.