– Францускиот напаѓач Усман Дембеле потпиша петгодишен договор со ПСЖ, објави денеска францускиот првак.
Дембеле (26), кој со Франција ја освои светската титула во 2018 година, го носеше дресот на Барселона од 2017, а во 2022 година го продолжи договорот со каталонскиот клуб за уште две години. Меѓутоа, ПСЖ ја искористи клаузулата во договорот и плати обесштетување од 50 милиони евра за трансфер на Французинот.
„Многу сум среќен затоа што му се приклучив на ПСЖ и одвај чекам да играм во новите бои. Се надевам дека ќе продолжам да растам тука и да ги направам горди сите навивачи на клубот“, изјави Дембеле.