Уредникот на фудбалската редакција на „Дејли мејл“, Оливер Холт, тврди дека знае каква казна го очекува Манчестер Сити.
Според овој извор, Манчестер Сити ќе биде казнет со одземање на „огромен број бодови“ оваа сезона, толку голем што речиси сигурно ќе испаднат од Премиер лигата.
Дополнително, „Дејли мејл“ наведува дека на Сити ќе му бидат одземени бодови и за следната сезона, но нема да се донесе одлука за испаѓање на „Граѓаните“ во Лига 2, односно последното професионално ниво на англиското фудбалско натпреварување.
Се подразбира дека Фудбалската лига, иако нема обврска да го стори тоа, ќе ја прифати идејата Сити да биде казнет во својот систем на натпреварување за следната сезона.
Дополнително, се очекува голема парична казна.
Манчестер Сити поднесе жалба откако беше објавена одлуката на Независната комисија, која го прогласи Сити за виновен по 114 од 115 обвиненија за кршење на финансиските правила на Премиер лигата.
Одлуката за казната сè уште не е позната, но Премиер лигата се надева дека самата казна ќе биде позната пред одлуката за жалбата на клубот. Одлуката за жалбата се очекува кон средината на јануари 2027 година, а сите се надеваат дека целиот процес ќе биде завршен во текот на актуелната сезона.
Foto/ Depositphotos