Дехари и Лазаревски добиваат спонзорство од Видеолотарија Касинос Австрија

drzavna videolotarija na mk
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Видеолотарија Касинос Австрија ги поддржа скијачите Дардан Дехари и Мирко Лазаревски. Средствата од спонзорството ќе се искористат за нивна подготовка.

– Видеолотарија Касинос Австрија продолжува да биде пријател на спортот. Под слоганот Играј со најдобрите, обезбедивме спонзорство за македонските алпски скијачи Мирко Лазарески и Дардан Дехари. Средствата од спонзорството ќе бидат наменети за помагање и поддршка на кариерата на македонските алпски скијачи, соопштија од компанијата.


Дехари има долга и богата кариера и настапи на многу големи меѓународни натпревари, а минатата година беше единствениот алпинец во тричлениот македонски олимписки тим  за зимските олимписки игри во Пекинг. Тој се натпреварува уште од мали нозе, ги минал сите возрасни категории, учествувал на светски првенства, на трки во Светскиот куп и многу други меѓународни натпревари.

Лазаревски е најдобар македонски скијач во неговата возрасна категорија. Тој учествувал на олимписките игри за млади во Лозана, европските олимписки игри во Финска, како и други меѓународни натпреварувања.

 

 

 

 

 

 

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK