Дебакл за Партизан во Конференциската лига

nordsjeland-so-partizan.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Српскиот претставник Партизан доживеа дебакл (5:0) на гостувањето кај Нордсјеланд во првиот меч од плејоф колото во Конференциската лига. „Црно-белите“ делуваа загубено, а домаќинот тоа знаеше да го искористи.


Мартин Фресе во 11. минута го отвори резултатот, а Маркус Ингвартсен од пенал зголеми на 2:0 во 42.минута.

Во вториот дел, Нордсјеланд постигна уште три гола. Ингвартсен уште еднаш беше сигурен од белата точка, а до крајот погодија и Виладсен и Илиќ кој си даде автогол.

Ференцварош го победи Жалгирис на гости со 0:4, Плзен славеше против Тобол со 1:2, а Астана минимално со 1:0 го победи Партизани.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK