Германија и Холандија вечерва во Франкфурт ќе одиграат контролен натпревар. На прес конференцијата, Матијас Де Лихт, одговори на прашањата за неговата иднина и иднината на неговиот соиграч од Баерн, Џамал Мусијала.
„Јас и Џамал да го напуштиме Баерн? А каде ќе одиме, на одмор? Не, не, не мислам дека такво нешто ќе се случи. Верувам дека е најдобро и за Баерн и за нас двајцата да останеме. Претпоставувам дека тоа и ќе се случи“, изјави холандскиот дефанзивец.