Де Хеа се враќа на фудбалските терени

David-de-Gea.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Давид Де Хеа нема клуб повеќе од една година, но како што сега стјат работите тој ќе се врати меѓу стативите ова лето.


Џенова се распрашува за шпанскиот голман, откако остана без Џузепе Мартинез кој се пресели во Интер.

Очигледно е дека Де Хеа нема намера да се пензионира, тоа го потврди со стори на Инстаграм каде закачи песочен часовник кој може да значи дека наскоро ќе му се врати на фудбалот.

Давид Де Хеа во својата кариера играше за Атлетико Мадрид, од чија академија потекну, додека во Манчестер јунајтед мина 12 години.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK