Де Хеа се договори со Фиорентина

1711630715-23189521440931.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK

Шпанскиот голман Давид Де Хеа потпиша едногодишен договор со Фиорентина, соопштија од клубот од стадионот „Артемио Франки“.


Де Геа беше без клуб откако се раздели со Манчестер Јунајтед по истекот на договорот во летото 2023 година.

Помина 12 години на „Олд Трафорд“, а претходно играше за Атлетико Мадрид. Во дресот на Манчестер Јунајтед настапи на 545 натпревари, а на 190 меча ја сочува мрежата.

Тој беше важен дел од англискиот гигант за време на неговиот престој во Британија, а по освојувањето на Премиер лигата, два Суперкупа на УЕФА, две Лиги на Европа, ФА Купот и два Лига купа, си замина бидејќи менаџерот Ерик тен Хаг сакаше голман кој знел да игра со нога.

Овој 33-годишен играч претходно одбил бројни понуди од својата татковина, Саудиска Арабија, Франција и некои други европски клубови пред да ја избере посакуваната опција и да дојде во Фиренца.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK