Де Брујне во јануари се сели кај Роналдо и Мане

Де-Брујне-во-јануари-се-сели-кај-Роналдо-и-Мане.jpg
Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK







Кевин де Брујнe по повеќе од осум години го напушта Манчестер sити и најверојатно од јануари кариерата ќе ја продолжи во редовите на Ал-Наср од Саудиска Арабија. Работата наводно е веќе договорена, пишува „Газета дело Спорт“.

Кевин де Брујне од крајот на минатата сезона има проблем со повредите. И повеќе од јасно е дека неговото тело повеќе не може да ги издржи напорите во Премиер лигата и Лигата на шампионите.

Поради тоа во јануари е подготвен да им се приклучи на Кристијано Роналдо, Садио Мане, Марсел Брозовиќ и поранешниот соиграч од Сити Ајмерик Лапорте, во Ал-Наср.

„Газета дело Спорт“, пишува дека Де Брујне ја договорил платата и дека таа ќе биде значително поголема од онаа што ја има во Сити. Годишната плата на Белгиецот во Манчестер сити изнесува 20.800.000 фунти.

Кевин де Брујне пристигна во Манчестер сити во 2015 година од Волфсбург, за сума од 76.000.000 евра.

Во изминативе осум години за „Граѓаните“, одигра 358 натпревари и има учинок од 96 гола и 153 асистенции. Тој освои пет титули во Премиер лигата, една во Лигата на шампионите, два ФА купа, пет ЕФЛ купови и Комјунити Шилд.

Facebook
Twitter
LinkedIn
Telegram
WhatsApp
OK